Сала на Престолот

Место каде владетелот ги собира сите статистички информации од сите аспекти на развојот на својата Империја - (приход, трошоци, работна сила, производство, сите градби и истражувања, војска, освоени специјални ресурси), како и местото од каде што може да порача капитулација или промена на престолнина.

Свет

Свет, сервер - местото каде што се одвива една ера. Само играчите од ист свет можат да комуницираат меѓусебно. Световите во Ера на Освојување се национални/јазични (португалски, шпански, бугарски итн.) и интернационални, тука се собираат луѓе од различни националности. Регистрацијата во одреден свет зависи од тоа на кој јазик играчот ја подесил почетната страница.

Например: Ако почетната страница е подесена на португалски, играчот ќе биде регистриран во еден од португалските јазични светови, моментално отворени за регистрација. Ако почетната страница е подесена на англиски, играчот ќе биде регистриран во еден од интернационалните светови, моментално отворени за регистрација.

Свет на Чудата

Светот на Чудата ја следи механиката на игра на брз свет со таа разлика дека во него нема сојузни поседи и сојузни војски. После 20-тата седмица од почетокот на светот започнува натпреварот Господари на Чудата. Сојузот што ќе успее да задржи контрола над седумте чуда за 84 часа после почетокот од натпреваруварот е победник во ерата. Ако ниеден сојуз не успее да го направи тоа до 8-от месец од почетокот на светот, ерата автоматски завршува. Членовите на победничкиот сојуз добиваат специјални медали поставени на нивните профили и до нивните имиња во рангирањето.

Селани

Жителите на провинциите и колониите.

Сила на грабеж

Параметар на единиците, го определува бројот на убиени селани од само една единица од тој вид.

Симулатор за битка

Машина која им помага на играчите прецизно да си ги пресметаат битките за да го добијат очекуваниот воен резултат. Симулаторот за битка во Ера на Освојување ги вклучува сите компоненти кои ги има една битка: војска (на поле и во гарнизон), морал, воени истражувања, тврдина, објекти на тврдината, утврдување, формација, раса, еснафи. Меѓутоа играчите треба да имаат на ум две работи:

- Извештајот од шпионажа не дава информација за непријателските воени истражувања, формацијата, точната вредност морал, утврдување и ров, затоа препорачливо е да се пополнат соодветните полиња со најмалку 2 нивоа повисоки истражувања од сопствените;
- Кога моралот падне под 50, шансата војската да избега од бојното поле и да изгуби, прогресивно се зголемува за 2% на секој поен под 50, затоа ако добиете симулиран извештај за победа со 49 или помалку морал, тогаш победата не е сигурна и на Вашата војска дефинитивно ѝ треба надоградување (промена на состав, формација, зголемување на бројот, надоградба на истраживање итн.) пред да ја испратите во победничка мисија.

Симулатор за шпионажа

Модул кој дозволува да ги внесете своите и противничките нивоа на Шпионажа/Контрашпионажа и бројот на шпиони на поле, за да би ги пресметале шансите за успешна Шпионажа/Контрашпионажа и/или бројот на возможно изгубени шпиони.

Напомена! Бидејќи 100% шанса за успех е гарантирана САМО ако има 5 нивоа разлика помеѓу Шпионажата и Контрашпионажата на учесниците, запомнете дека резултатот кој ќе го добиете од симулаторот за Шпионажа, може да не одговара на резултатот од Вашата мисија.

Слика од екран

Слика од Глобалната мапа што се прави со иконата со мал фотоапарат во горниот десен агол на мапата. Сликата автоматски се зачувува на Вашиот компјутер.

Снабдувачка пратка

Количеството злато кое одговара на 24-часовното издржување во злато на уништената војска и коешто го заработува победникот во битката. За Златото од снабдувачката пратка не е потребен капацитет на носивост за да биде транспортирано од бојното поле до Империјата на победникот.

Сојуз

Група од играчи кои меѓусебно ги споделуваат сопствените стратегии. Членовите на Сојуз собираат заеднички ресурси што ги инвестираат во сојузни истажувања со ефект на сите членови, водат војни, градат сојузни градби, шират културно и воено влијание. Сојузниците можат да се поддржуваат еден со друг во економски и воен поглед, соодветно преку модот за трансфер на злато и сојузнички засилувања. Сојузите се рангираат во посебно рангирање, на основа на вкупната сума од нето економските поени на сите играчи.

Напомена! Играч може да се придружи кон истиот сојуз само два пати.

Сојузен данок

Се задава од лидерот, првите офицери или офицерот-финансии во четирите вида ресурси посебно, т.е. во индивидуални квоти со лимит 30% за секоја и се зема од сите членови.

Сојузен замок

Замок со свои градби достапни зад ѕидовите. Или независен или веќе припаѓа на некој сојуз. Сојузниот замок се освојува само од сојузни војски испратени од собирен пункт или друг замок. Служи за ширење на културно и воено влијание по Глобалната Мапа, по тој начин освојувајќи го светот.

За повеќе информација околу сојузните замоци, кликнете овде, овде, овде, овде и овде.

Сојузен посед

Заеднички збор за сите места или зони на Глобалната мапа, над кои сојузот има контрола. Сојузните поседи се замоците и собирните пунктови.

Сојузен технолошки калкулатор

Алатка каде што можете да го внесете моменталното ниво на одредена сојузна градба/сојузно истражување и нивото на Архитектура на Офицерот-Изградба/нивото Универзитет од Офицерот-Наука, со цел да ја пресметате цената на следното повисоко ниво. Тоа се наоѓа во Технолошкото стебло.

Сојузна администрација

Истражување во сојузот кое го зголемува бројот на места за членови - +5 по ниво. Секое ниво му дозволува формирање на еден Собирен пункт ако сојузните поени се најмалку 5 000 000. Администрацијата го определува и количеството ресурси, кои им се дозволени на членовите да ги донираат, како што следува: со 1-во ниво донацијата е ограничена до 20% од нето економските поени на играчот во златен еквивалент, со 2-ро ниво - 10%, со 3-то ниво - 5%. Максимално ниво - 20.

Сојузна војска

Трупи, собрани во собирен пункт или во сојузен замок, а донирани од членовите на сојузот. Еднаш донирани, воените единици не можат да бидат повлечени. Регрутирањето војска подразбира раст во нето вредност, а донирањето војска, спротивното.

За повеќе информација околу сојузните трупи, кликнете овде.

Сојузна порака

Порака која може да се однесува на сите аспекти во контекст на еден сојуз - покани за сојуз, пораки кои информираат за промена во односите на сојузот или во сојузниот данок, сојузни воени извештаи, преместување сојузна војска, донации на трупи, бонуси од опсег на влијание, избори за лидер и бесплатни војни. Пристигнуваат во син плик и се чуваат во менито Сојуз во Пораки.

Сојузна Ризница

Местото каде што се собираат сите 4 вида ресурси, независно дали дошле како резултат на данокот на членовите или од ограничени доброволни вложувања.

Сојузни градби

Порачани со четирите вида ресурси од сојузната ризница, сојузните градби се наоѓаат во собирните пунктови / сојузните замоци и осигуруваат поголема одбрана на сојузниот посед или проширување на опсегот на влијание. Цената и времето им се намалуваат од нивото на Архитектура од Офицерот-Изградба.

Сојузни донации

Доброволни депозити, но сепак ограничени. Со прво ниво од Администрација на Сојуз, играчите може да донираат до 20% од нивните нето економски поени во златен еквивалент. Со второ ниво - 10%. А со трето ниво- 5%.

Членовите исто така можат да донираат дијаманти во сојузот и да подигнуваат. Донирањето е ограничено, максималниот број е до 340000 дијаманти на ден. Можат да се донираат само купени дијаманти. Сумата на подигнати дијаманти се определува од лидерот или од првиот офицер. Квотата за подигнување дијаманти е безвременска, што значи дека ако Вашата квота била наместена на 85000 дијаманти и Вие веќе сте подигнале 85000, за да подигнете уште 85000, лидерот или првиот офицер мораат да ја зголемат квотата на 170000 дијаманти.

За повеќе информација околу донациите, кликнете овде.

Сојузни известувања

Порака испратена кон сите членови на сојуз. За известувања единствено имаат право лидерите и офицерите, тие пристигнуваат во виолетови пликови и се чуваат во менито Известувања во Пораки, хронолошки прикажани - најстарите пораки се на дното на прозорецот, а најновите - на врвот.

Сојузни истражувања

Се порачуваат со помош на четирите вида ресурси од ризницата на сојузот, сојузните истражувања доделуваат дополнителни нивоа на личните истражени нивоа на сите членови. Нивната цена и време се намалени од нивото на Универзитот на Офицерот-Научник.

За повеќе информација околу сојузните истражувања кликнете овде.

Сојузни односи

Дипломатска позиција спрема друг сојуз. За мировните односи да влезат во сила, потребна е потврда од спротивната страна. Укинувањето договор, како и декларација за непријателство или војна, е еднострана акција.
Петте сојузни односи во Ера на Освојување: Мировен договор, ПН (Пакт за ненапаѓање), Неутралност, Непријателство и Војна.

За повеќе информација околу сојузните односи, кликнете овде.

Сојузни поени

Вкупната сума на индивидуалните нето економски поени на сите членови.

Сојузник

1. Член на ист сојуз.

2. Сојуз во ПН или Федерација.

Сојузно влијание

Уникатната особина на сојузниот замок. Културно и воено влијание, територијално распространето преку специјалната градба на замокот, Големиот Храм. Сојузното влијание подразбира бонуси и придобивки за сојузничките Империи коишто се наоѓаат под опсегот на влијание, и казни и минуси за воените непријатели и симболично освојување на Глобалната Мапа коешто води до освојување на светот.

За повеќе информација околу сојузното влијание, кликнете овде, овде и овде.

Сојузно рангирање

Сојузите ги рангира според 4 параметра: поени (вкупната сума на нето економски поени на сите членови), воени поени (освоени во војни и сојузни битки), вредност на сојузот (вложен златен еквивалент во сојузни истражувања, донирана војска и градби / 1000) и контролирани територии на Глобалната Мапа.

Собирање

Преместување на единиците од сите провинции кон една.

Собирен Пункт

Се наоѓа на Глобалната Мапа, место каде што се собираат сојузните војски од иста раса и служи како појдовна точка во случај на воени мисии за освојување на замок или за напад на непријателски сојузен собирен пункт или замок.

За повеќе информација околу Собирните пунктови, кликнете овде.

Совет на Старешини

Секој ден во определено време во Вашата Империја се одржува Совет на Старешините кој разгледува дали населението е среќно со Вашето владеење и решава дали да започне или запре немири или бунтови.
Ова е местото каде што можете да го поместите времето на Советот на Старешините за 23 часа на секои 48 часа.

Советник

Официјален советник за првите чекори на секој играч во Ера на Освојување. На владетелот му помага да се ориентира во изгледот и главната механика на играта, подарувајќи му и примамливи награди. Советникот не присуствува вечно, чекорот за внесувањето на стрелците во гарнизон е последен. Кога ќе заврши, иконата исчезнува и играчот треба да продолжи сам. Читањето на официјалното упатство на Ера на Освојување, на Како да играм? (во долното мени), ќе му помогне на секој да стане експерт во играта и да игра со самодоверба.

Средна даночна стапка

Четвртото даночно ниво. 3 злато од 100 работници на час. Одзема 30 Задоволство на 24 часа.

Средно Задоволство

Вредност на Задоволство, валидна за целата Империја и определена од бројот население и локалната моментална вредност на Задоволство.

население на 1-вата провинција х Задоволство во 1-вата провинција + население на 2-рата провинција х Задоволство во 2-рата провинција (итн. ако има уште провинции) / населението од целата Империја = средното ниво на Задоволство во Империјата

Среќен данок

Копче кое се наоѓа во менито за данок. Го поставува данокот на сите припоени провинции или колонии на даночната стапка при којашто билансот на задоволството ќе биде позитивен.

Статус на лојалност

Покажува колку секој член е лојален кон сојузот. Лојалноста се пресметува на основа на времето поминато во сојузот и е поделена во три стадиуми кои ги одредуваат специјалните бонуси и секојдневните бонуси Задоволство. Напуштањето на сојузот и повторното придружување или промената на позиција во самиот сојуз, ги ресетира бонусите и бројачот за Статусот на Лојалност започнува од почеток.

За повеќе информација околу стадиумите на Лојалност и бонусите, кликнете овде.

Стрелец

Најдобрата единица во гарнизон - стрела со напад x4 додека е зад ѕидовите на Тврдината. Сите стрелци се силни против копјеносци (напад x3) и ранливи против тарани и мечувалци (напад /4 и /3, соодветно). Поделени се во три класи, достапни и за двете расилесни, тешки и елитни.

За повеќе информација околу стрелците, кликнете овде или погледајте го описот во играта во Касарната за стрелци.

^