Балансирана формација

Стандардната формација кај сите играчи, исклучиво се употребува без ниво Тактика.
Предна линија - 15% од војската во Предната линија е на секое Крило, 60% е во Центар и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци – 20% од Стрелците се на секое Крило и 60% во Центарот.

Балиста

- Класа Тешки опсадни машини.
- Специјални особини: најдобрата единица во гарнизон заедно со стрелците; 50% напад на ѕидовите на Тврдина и 100% против непријателските опсадни машини; непријателот го напаѓаат далекустрелно, 2 рунди пред блиска борба; придружна војска – 5 војници.
- Барања: Воена подготовка [1], Напад од далечина [8], Централизација [5].

За повеќе информација околу балистите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Банкарство

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за создавање банка, со цел да користи кредити. Секое ниво после четвртото додава 1% камата за 24 часа на складираноti злато. Првите 3 нивоа отвораат пристап до трите кредита.

Бегство

Бегство од бојното поле поради ниска вредност Морал. Шансата за бегство прогресивно се зголемува за 2% со секој поен под 50 Морал. Гарнизонот не може да побегне бидејќи тој нема Морал. Бегството подразбира несомнено губење на битката и предизвикува загуби на воените единици - дополнителни 20% од преостанатите трупи ако противникот е Империјан и 25% ако е Номад.

Без данок

Првото даночно ниво. Не се заработува злато. + 5 Задоволство за 24 часа.

Бездомници

Бездомници е населението на Империјан* кое се собира кога е достигнат лимитот на население дозволен преку моменталното ниво Куќи. Прирастот на население на бездомниците е два пати понизок. Тоа може да биде регрутирано за војска, но не може да биде вработено, па затоа не произведува ресурси. За да се искористи, Империјанот треба да изгради доволно нивоа Куќи. Кога бројот на население ќе достигне 200 000, повеќе нема да се генерираат бездомници.

* Само Империјаните, Номадите немаат бездомници.

Биланс на Задоволство

Вкупната сума на сите локални или глобални дневни модификатори на задоволство за моменталните 24 часа помеѓу две миграции. Билансот на задоволство статистички одредува дали Задоволството ќе се зголемува или намалува секоја минута. Се пресметува за период од 24 часа, т.е. ако билансот на Задоволство е +24/24ч, 1 поен Задоволство ќе биде додаден на неговата моменталната вредност секој час. Билансот на задоволство е прикажан во зелено на левата страна од прозорецот Задоволство.

Биланс на злато

Разликата помеѓу трошоци и приход. Билансот на злато може да биде позитивен или негативен.

Бирократија

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за зголемување на ефикасноста на припоените провинции. Секое ниво доделува +5. Ефикасноста не може да надмине 100%. Без ефект на Бирократија, секоја наредно припоена провинција е 10% помалку ефикасна во споредба со претходната (без да се зема во предвид Модификаторот за Бирократија на кругот на провинцијата), 11-тата припоена провинција има ефикасност 0% и секоја друга преминува во соодветниот минус.

Битка

Судир на трупи на две вооружени сили, спроведен после извршена команда за напад. Видовите на битка во Ера на Освојување се три, според механиката на битката, трупите вклучени и профитот за напаѓачот: Опсада на тврдина, Битка на поле, Грабеж.

Битка на поле

Овој напад ги испраќа трупите да се борат само со противничката војска на поле, без опсадување на тврдината или ограбување на цивилното население. Битката на поле ниту запленува ресурси, ниту убива селани. Единствената добивка за напаѓачот се воените поени добиени од уништувањето на непријателски единици и чест, во случај да изгубил најмалку 10% од вкупниот златен еквивалент на своите трупи.

За повеќе информација околу Битка на поле, кликнете овде и овде.

Битка со гарнизон

Дел од битка во Опсада на Тврдина кое подразбира дека ѕидовите се веќе уништени и напаѓачките трупи се исправаат против заштитниците во гарнизон (ако постојат или се останати), следејќи ги правилата и механиката на обична Битка на поле. Трупите започнуваат со Морал со којшто излегле од фазата на рушење на ѕидовите, па моралот никогаш не се ресетира за битката со гарнизонот. Опсадата на тврдина се смета за завршена само кога е завршена битката со гарнизонот.

Битки на денот

Мени во кое се наоѓаат двете најкрвави битки со медали (во одбрана и напад) за одреден ден, во одреден свет. Се наоѓа во долното мени на почетната страница.

Блокиран играч

Корисник под привремена истрага од администрацијата или корисник кој ги изгубил сите права над соодветниот профил за неограничено време, заради користење баг или нарушување на правилата. Блокираниот играч има икона со синџир и црна топка и не може да биде напаѓан од други играчи.

Брзина

Параметар на единиците, ја определува брзината со којашто се движат единиците по Глобалната мапа. Во Ера на Освојување сите единици имаат определена измерена брзина во Империјални Милји (ИМ) на час. Кога е на мисија, брзината на целата војска е онаа на најбавните испратени единици. Времето за патување се скратува преку нивоа Картографија.

Бригаден Генерал

Воен чин доделен на играч со 150 000-224 999 воени поени.

Бунт

Состојба во припоена провинција, вазал или колонија, предизвикана од незадоволство на населението поради ниска локална вредност на Задоволството. Кога Задоволството ќе падне под 20, постои шанса за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 19 задоволство со 2%, на 18 задоволство со 4% итн.), доведувајќи до прекин на производство, регрутација и изградба, додека Задоволството повторно не биде зголемено.

^