Мајор

Воен чин доделен на играч со 50 000-74 999 воени поени.

Максимален капацитет на ресурси

Максималното количество на секој вид ресурс, одредено од нивото на Тврдина, коешто може да се складира во провинцијата пред да се замрзне производството. Кога е достигнат максималниот капацитет, провинцијата може да собере дури и поголеми количества, но производството запира се додека количеството не падне под лимитот или се изгради и активира ново ниво Тврдина.

За повеќе информација околу максималниот капацитет на ресурси, кликнете овде.

Максимално можно население

Границата за максимално можно население се појавува на прозорецот од Фарми и го покажува бројот на максималното население за којшто прирастот на население на час не е негативен.

Мал фестивал

Еднократен или постепен модификатор на задоволството, со позитивен локален или глобален ефект на моменталната локална вредност на Задоволство. Се организира на Градскиот Плоштад и се плаќа во злато, во износ од 20% од населението на провинцијата, но ако започнете масовни мали фестивали во сите провинции, ќе платите половина цена. Основниот ефект на малите фестивали е +1 Задоволство, тоа се зголемува за 1 за секое ниво Градски Плоштад. Само еден мал фестивал може да биде организиран на секои 24 часа.

Мапа на Империјата

Мапата каде што се сместени сите независни, припоени и вазални провинции. Таа ги претставува главните поседи на Империјата коишто можат да бидат нападнати од други играчи, но може да бидат освоени само од нивниот владетел. Достапна е од десната икона во секторот со мапите на горниот лев агол од играта.

Мапа на селото

Мапата која ја визуелизира моменталната провинција со сите нејзини градби. Изгледот на мапата на селото, помалку или повеќе подобрен, зависи од нивото на Тврдината. Се променува со тврдини 4 и 7. Мапата на селото автоматски се вчитува при најавување во профилот, прикажувајќи ја престолнината.

Маршал

Воен чин доделен на играч со 750 000 - + ∞ воени поени.

Медал

Воен орден, доделен на победниците во двете најкрвави битки, една во одбрана и една во напад, во светот за денот. Најкрвави битки се тие со највисока вредност на изгубени воени единици во златен еквивалент. Медали не се даваат за битки во напад коишто се надвор од опсег х2.
Напомена!: Сојузните битки не носат медали.

Медицина

Единственото истражување коешто го зголемува прирастот на население. +5 по ниво.

Мечувалец

Пешадиска единица погодна за Опсади на Тврдина, придружена или не од опсадни машини, мечувалците имаат некаков бонус при нападот на ѕидови на Тврдини.Сите мечувалци се јаки против стрелци-(напад x2) и ранливи против коњанички единици кои против нив се борат со напад x2. Поделени се во три класи – лесни, тешки и елитни, а елитните се достапни само за Империјаните.

За повеќе информација околу мечувалците, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Миграција

Основен ефект на Задоволство. Секоја минута се формираат миграциски групи на одреден број Империи. Нивното просечно Задоволство се пресметува на основа на средното задоволство на сите учесници - Империите со вредност над просечното Задоволство добиваат население, а тие под - губат.

За повеќе информација околу миграцијата, кликнете овде.

Миграциска група

Група од одреден број Империи (активни во последните 168 часа и со еднакви или приближно еднакви нето економски поени и време на регистрација) формирани секоја минута за да би се одредило која од нив ќе добие или изгуби население во моментот на дневна миграција, на основа на споредба на средното Задоволство.

Мирни времиња

Период без војна или без непријателски напад.

Мировен договор

Вид на сојузна спогодба во Ера на Освојување. Значи дека нема да има напади и војни помеѓу двата сојуза и ослободено од данок објавување на војна за еден од сојузниците, ако другиот е вовлечен во војна како бранител.

За повеќе информација околу мировниот договор, кликнете овде.

Мисија

Маршот на трупите на пат до провинцијата/колонијата-цел или на пат назад кон појдовната Империја. Времето на мисиите се намалува со нивоа на Картографија и Воени коњи (во случај составот на војската да е само од коњанички единици) и Специјален ресурс 'Коњи', но никоја мисија не може да трае помалку од 40 минути во мирни времиња, и 10 минути во војна.

Млад поручник

Воен чин доделен на играч со 7 500-14 999 воени поени.

Многу висока даночна стапка

Шесто даночно ниво. 5 злато од 100 работници на час. Одзема 75 Задоволство на 24 часа.

Многу ниска даночна стапка

Второто даночно ниво. 1 злато од 100 работници на час. Одзема 5 Задоволство на 24 часа.

Мобилизирање

Допуштање на веќе обучените единици да излезат од касарните и да бидат распоредени на поле или во гарнизон. Ако групите на обука не се мобилизираат рачно, тие автоматски ќе се мобилизираат после 72 часа од крајот на обуката при првото најавување.

Напомена! Мобилизираните единици се распоредуваат во провинцијата од каде што биле регрутирани, НЕ од провинцијата од којашто се мобилизирани.

Мод Одмор

Ги забранува сите напади врз Вашата Империја. Ако веќе има испратен напад врз Вашата Империја, иако е активиран модот Одмор, нападот ќе биде извршен. Модот Одмор го ЗАПИРА цело производство на ресурси, издржување на војска и прираст на население, а периодот од 168 часа за плаќање на кредитот се прекинува, до деактивирањето на модот. Сите градби и истражувања ќе продолжат да се градат. Премиум членството нема да биде продолжено. Модот одмор не може да биде прекинат во првите 24/48 часа (во зависност од брзината на светот). За да ја искористите оваа услуга, потребни Ви се 1700 дијаманти.

* И модот Одмор и Празничната заштита, може да се активираат само ако моментално нема војска на мисија.

Модификатор

Фактор со позитивен или негативен ефект врз некоја статистика или карактеристика кој ѝ ги променува основните вредности.

Модификатор на Бирократија

Една од специјалните карактеристики на кругот на провинција. Може да биде 0 или негативен. Нулти модификатор на бирократија заначи дека ефикасноста на провинцијата не зависи од локацијата на провинцијата, а ефикасноста ќе зависи само од истраженото ниво бирократија. Негативниот модификатор на бирократија дава дополнителен процент казна кон ефикасноста на провинцијата, освен падот причинет од недостигот на истражени нивоа Бирократија.

Модификатор на Задоволство

Една од специјалните карактеристики на кругот на провинцијата. Дневниот бонус или минус на Задоволство е еднаков на вредоноста на модификаторот на лимит на Задоволство, индивидуален за секоја провинција.

Модификатор на лимитот на задоволство

Една од специјалните карактеристики на кругот на провинција. Пад или раст на основниот лимит на Задоволство којшто е еднаков точно на вредноста на модификаторот на Задоволството.

Модификатор на максимално задоволство

Една од специјалните карактеристики на кругот на провинцијата. Вкупната сума од сите вредности на модификаторите на Задоволството на сите провинции од еден ист круг.

Модификатор на Фарми

Една од специјалните карактеристики на кругот на провинциите. Може да биде позитивен и негативен. Позитивниот го зголемува капацитетот на фарми за одреден број селани, а негативниот го намалува.

Модификатор со глобален ефект

Дневен или еднократен модификатор со ефект на целата Империја, независно во која провинција бил применет.

За да го прочитате целиот список со модификатори со глобален ефект, кликнете овде.

Модификатор со локален ефект

Дневен или еднократен модификатор со ефект само на провинцијата во која бил применет.

За да го прочитате списокот со модификатори со локален ефект, кликнете овде.

Моментален Империјален транспорт

Опција достапна за сите играчи, Премиум и обични, со којашто веднаш се растовараат ресурсите кои се движат помеѓу провинциите, без потреба да се чека 20 минути. Моменталниот транспорт е достапен само во мирни времиња. Додека е под напад, владетелот не може да го употребува.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментален колонијален транспорт

Опција која моментално ги растовара товарните колички, независно дали пренесуваат ресурси или само патуваат, за, од или помеѓу колониите, за 1 дијамант на час, освен ако Вашата Империја е под напад.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментален напад

Моментално изведување на битката помеѓу играч и неговите независни провинции. За операцијата е потребно 1 дијамант за една битка и подразбира дека војската ќе дојде до целта, ќе се бори и врати моментално. Моменталниот напад не е достапен додека Империјата е под непријателски напад.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментална изградба

Порано пуштање во употреба на градба. Се плаќа во дијаманти и е валидна само за градби на кои им останале помалку од 96 часа за изградба. За еден час изградба се потребни 170 дијаманти. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментална колонизација

Опција која моментално го завршува патувањето на колонизаторите до посакуваниот терен на колонијата за 510 дијаманти на час, освен ако Вашата Империја е под напад.

Моментална обука

Порано завршување на обуката на единиците. Опцијата се плаќа со дијаманти. Само првата група за обука од редот за чекање во една провинција и една касарна може да биде моментално обучена. За секоја група под 6 преостанати часа се потребни по 170 дијаманти. Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на времето на останатите групи во редот. Моменталната обука не е достапна ако Империјата е под непријателски напад.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментално истражување

Порано пуштање во употреба на истражување. Опцијата се плаќа во дијаманти и е валидна само за истражувања со помалку од 24 преостанати часа.* За еден час истражување се потребни 510 дијаманти. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

* Ова е основен лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок лимитот.

** Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментално пристигнување

Опција достапна на сите играчи, Премиум и регуларни, којашто одеднаш го извршува движењето на војска помеѓу припоените провинции, без да се чека да поминат 10 минути. Моменталното пристигнување е достапно само во мирни времиња. Ако има напад опцијата не може да се искористи.

* Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Морал

Борбениот дух на војската зависи од целокупното однесување на играчот. Основен морал - 100. Номадите имаат бонус Морал во напад, а Империјаните - во одбрана. Моралот се зголемува преку нивоа на Воена подготовка, дневен бонус во сојузот за Лидери,Први Офицери и Команданти, како и од позитивна Чест, а може да биде намален заради негативна Чест и напади надвор од опсег. Секоја рунда Моралот паѓа, заради замор и штета и кога ќе падне под 50 постои шанса, која прогресивно се зголемува, за бегање на војската.

За повеќе информација околу Моралот, кликнете овде, овде и овде.

Мулти

Популарна кратенка за играч кој користи мултипрофили.

Мултипрофили

Користење на повеќе од еден профил во истиот свет со цел интеракција и полза на недозволен начин. Користењето на повеќе профили во ист свет е потполно забрането и се казнува со привремена или постојана забрана за пристап во профилите.

Пријава на сомнежи за користење повеќе профили се врши преку имејл: support_mk@imperialsupport.org. Оној кој пријавува, секогаш се проверува прв, пред пријавениот.

Напомена! Слични кориснички имиња не се претпоставка за обвиненија за мултипрофили и дефинитивно НЕ СЕ веродостоен и разумен доказ.

^