Таверна

Градба, достапна само во престолнината, каде што се игра комар (џандар или подобро, рулет и блек џек) и 'Не лути се човече', чиешто депонирано злато не може да биде исплатено.

За да има Таверна, мора да сте изградиле прво ниво Трезор. Тој го определува капацитетот вложен во Таверната, па колку повисоко ниво Трезор, толку поголем капацитет на Таверната.

Промената на престолнина не ја преместува автоматски и Вашата моментална Таверна - треба да изградите Трезор во новата престолнина.

Тактики

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за употреба на формации. Секое ниво отвора пристап до 1 формација.

Таран

- Класа Лесна опсадна машина.
- Специјални особини: напаѓа Тврдина со 100% од неговата сила, единствената опсадна машина распоредена во првата линија при Опсада на Тврдина па затоа трпи штети заедно со пешадијата; придружна војска – 7 војници.
- Тараните се единствените опсадни машини што не се борат во одбрана, а само трпат штети.
- Барања: Воена подготовка [1].

За повеќе информација околу тараните, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Тврдина

Главната заштита на провинцијата.
- Тврдината го одредува максималниот капацитет на складирани ресурси во провинцијата.
- Го зголемува производството на ресурси за 10% по ниво.
- Ако е уништена, може да се поправи за 1/3 од нејзината цена во камен.
- Нејзините животни поени се зголемуваат со нивоа Утврдување.

Тежок копјеносец

- Класа Тежок копјеносец
- Специјална особина – отпорност на јуриш - имунитет на бонусот од јуриш на коњанички единици, тоа значи дека го избегнуваат бонус ударот од коњаницата во првата рунда.
- Барања: Централизација [5], Воена подготовка [6].

За повеќе информација за тешките копјеносци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Тежок мечувалец

- Класа Тежок мечувалец.
- Специјални особини: бонус животни поени x1.2 во одбрана за Империјанските тешки мечувалци и бонус напад х1.2 во напад за Номадите.
- Барања: Напад од блиску [8], Оклоп [8], Централизација [5].

За повеќе информација околу тешките мечувалци , кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Тежок стрелец

- Класа Тежок стрелец.
- Барања: Напад од далечина [8], Централизација [5].

За повеќе информација околу тешките стрелци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарната за стрелци.

Терен

Подрачје/земја на коешто една административна единица се формира или освојува. Теренот има огромно значење за економскиот и воен развој на Империјата заради многуте модификатори, бонуси и казни што ги нуди. Со тоа е често е одлучувачки фактор во моментот кога владетелот решава која провинција од сите 19 да ја припои или каде да основа колонија.

Терен на колонија

Природата на одредено место на Глобалната Мапа каде што е основана колонија. Терените на Колониите не се определуваат според географскиот релјеф, а според присуството или не на глобален бонус - обични терени и терени со специјални ресурси.

Терен на провинција

Терените на припоените провинции - поделени на 6 вида, според географскиот релјеф. Секој вид доделува различни модификатори, применети на производството на ресурси, нападот, одбраната, параметарот на напад на единици итн.

За да научите повеќе за карактеристиките на терените на провинциите, кликнете овде.

Терен со специјални ресурси

Бонус терени за колониите, распоредени по случаен принцип по Глобалната Мапа. Тие доделуваат различни, мали (5%) и големи (10%) бонуси со глобален ефект врз целата Империја. Нападите врз колониите, основани на терени со Специјални бонуси немаат лимити за опсегот на нето економски поени и последователно нема казни по морал, чест и напад за оној кој напаѓа.

За повеќе информација околу специјалните ресурси и бонуси, кликнете овде.

Технолошки калкулатор

Опција каде може да го внесето своето моментално ниво на одредена градба/истражување и нивото на Архитектура/Универзитет/Научна Академија за да би ја пресметале цената на повисоко ниво. Се наоѓа во Технолошкото стебло.

Технолошко стебло

Помошна алатка која ги прикажува сите барања за сите нивоа на градби и истражувања и сите воени единици. Се наоѓа во долното мени, под Мапата на селото.

Тешка единица

Средната класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат тешките класи нивоа на Тврдини - 4,5,6.
Тешки единици во Ера на Освојување: тешки стрелци, тешки копјеносци, тешки мечувалци, тешка коњаница, катапулти и балисти.

Тешка коњаница

- Класа Тешка коњаница.
- Специјални особини: бонус јуриш x1.5 за Империјанската тешка коњаница и x2 за Номадската; погодна е за грабежи со оглед на големата брзина и високата вредност на сила на грабеж.
- Барања: Напад од блиску [8], Воени коњи [6], Оклоп [8], Воена подготовка [2], Централизација [5].

За повеќе информација околу тешката коњаница, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Товарни колички

Транспортната единица во Ера на Освојување.

За повеќе информација околу транспортните колички, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Транпортирај и гради

Опција која автоматски ги транспортира ресурсите од престолнината, потребни за изградба во припоена провинција и ја започнува изградбата веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволно голем за да ги транспортира нив одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

Трансакциска порака

Порака која информира за резултатите на трговската трансакција, како што е: успешно продадена понуда или истечена, резултати од пренос на злато, како што се: успешно пренесено злато на сојузник и успешно добиено злато од сојузник. Пристигнуваат во сив плик и се чуваат во менито Трансакции во Пораки.

Транспорт

Преместување ресурси од една до друга административна единица. Транспортот може да циркулира во границите на Мапата на Империјата или помеѓу териториите на Мапата на Империјата и поседите на Глобалната мапа, затоа е поделен на империјален и колонијален транспорт.

Транспортирај и надогради

Опција која автоматски ги преместува потребните ресурси за надоградба на единици во припоена провинција од престолнината и започнува обука веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволен за да ги пренесе одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

Транспортирај и регрутирај

Опција која автоматски ги преместува потребните ресурси за регрутација на војска во припоена провинција од престолнината и започнува обука веднаш, само со еден клик, ако се исполнети следните услови: потребните ресурси се достапни во престолнината и капацитетот на нејзината Транспортна станица е доволен за да ги пренесе одеднаш или го достигнал максималното ниво. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

Транспортна единица

Погледајте товарна количка.

Транспортна мисија

Преместување ресурси помеѓу припоени провинции преку транспортните станици или главна Империјаколонија преку товарни колички.

Транспортна станица

Градба која го извршува Империјалниот транспорт, во неа се растовара златото пренесено од сојузник, од неа се испраќа злато на сојузник и се натоваруваат и растоваруваат товарните колички за Колонијалниот транспорт. Капацитетот на транспортните станици двојно се зголемува со активирање Премиум.

Трговија

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за изградба на Пазар и тргување со пониска трговска провизија. Секое наредно ниво после првото ја намалува трговската провизија за 2%.

Трговска провизија

Продажна провизија, се одзема само кога понудата е продадена. Основна трговска провизија - 20%, но може да се намали за 2% по ниво преку истражување Трговија.

За повеќе информација околу пазарот и провизиите, кликнете овде.

Трговски биланс

Историја на нумеричкиот преглед на преносот на злато - извршените преноси на злато и добиеното злато. Кога нема ниту испратено ниту добиено злато, трговскиот биланс е 0, а секој испратен износ е одземен и секој добиен износ додаден на бројот на трговскиот биланс.

За повеќе информација околу трговскиот биланс, кликнете овде.

Требучет

- Класа Елитни опсадни машини.
- Специјални особини: 150% напад на ѕидовите на Тврдина и 15% против непријателските опсадни машини; далекострелен напад во 3 рунди пред блиска борба; придружна војска – 15 војници.
- Барања: Воена подготовка [9], Напад од далечина [16], Централизација [10].

За повеќе информација околу требучетите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Трезор

Автоматски складира и крие количество ресурси колку што му дозволува капацитетот на нивото, додека провинцијата е под напад. Скриеното количество се определува на основа на процентуалниот однос на достапните ресурси.

За повеќе информација околу Трезорот, кликнете овде.

Трет круг провинции

Ги вклучува провинциите бр. 14, 15, 16, 17, 18, 19 и ги заокружува провинциите од втор круг. Никоја од провинциите од трет круг не може да биде заградена. Специјални карактеристики се: бонус на капацитетот на фарми, казна бирократија, казна на лимит на Задоволство на основен лимит 100, минус дневно задоволство, бонус производство за еден вид ресурси.

За повеќе информација околу третиот круг провинции, кликнете овде.

Трибина

Се наоѓа во менито Пораки >> подмени Трибина и е соба за разговор помеѓу сојузниците и сите членови, без разлика на позицијата, може да оставаат моментални пораки што хронолошки се покажуваат - најстарата порака се наоѓа на дното на прозорецот, а најновата - на врвот. Не постои плик за известување за ново објавените пораки на трибината. За да сте сигурни дека нема да испуштите нова порака, прозорецот на трибината треба да е отворен и редовно освежуван.

Трошок

Тоа што го троши или должи Империјатаиздржување на војска, сојузен данок, отплаќање на кредит, изградби, истражувања, регрутација, фестивали, основање колониии, сојузни донации, поправка на тврдина.

Трупа

Војници организирани во една група според нивниот вид или распоред на полето за битка.

^