Единица

Заеднички израз за сите учесници во воениот развој на една Империја, војници и машини, во Ера на Освојување. Единиците може да бидат класифицирани по различни начини, како што следува:
- според силата и ефикасноста - лесни, тешки и елитни;
- според физичката природа - војници и опсадни машини;
- според начинот на движење - пешадија и коњаница;
- според начинот на борба со непријателските трупидалекустрелни и за блиска борба;
- според функционалноста - обични и хибридни;
- според полето на активност - воени и невоени.

Единица за блиска борба

Заеднички израз за сите војници кои се борат со непријателот лице во лице.
Eдиници за блиска борба во Ера на Освојување: мечувалци, копјеносци и коњаница.

Еднократен модификатор на Задоволство

Фактор со позитивен или негативен ефект врз Задоволството, применет еднократно, додаден или одземен од моменталната вредност на Задоволство само еднаш.

За да го прочитате целиот список со еднократни дневни модификатори, кликнете овде.

Економска градба

Заеднички израз за сите градби коишто влијаат на економскиот аспект на Империјата.

Економски извештај

Економската статистика на сојузниците којашто сите офицери и лидери можат да ја видат во мени Сојуз, подмени Членови.

Економско истражување

Заеднички израз за сите истражувања коишто влијаат врз економскиот аспект на Империјата.

Елитен Стрелец

- Класа Елитен стрелец.
- Барања: Напад од далечина [16], Централизација [10].

За повеќе информација околу елитните стрелци, кликнете овде или погледнете го описот во Касарната за стрелци.

Елитна единица

Елитна класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат елитните класи нивоа на Тврдини - 7,8,9.
Елитни единици во Ера на Освојувања: елитни стрелци, фаланги, гардисти, паладини, катафракти, катафракт стрелец и требучети.

Емиграција

Загуба на определен број население во времето на миграција.

Ера

Периодот помеѓу почетокот и крајот на свет. Периодот во кој сите поединечни Империи и сојузни поседи се развиваат економски и воено и се прошируваат на Империјалната и Глобалната мапа. Ерата завршува на датум одреден од администрацијата на Империја Онлајн.

За повеќе информација околу крајот на ера, кликнете овде.

Ефикасност

Ја мери силата/интензитетот со кој произведува провинција. Ефикасноста се применува само во припоените провинции; колониите и вазалите по правило работат со 100% ефикасност. Секоја наредна припоена провинција произведува 10% помалку ресурси во споредба со претходната, затоа, без ефектот на Бирократија, 11-тата припоена провинција има ефикасност 0% (без да се земе во предвид Модификаторот на Бирократија на кругот на провинции), па секоја следно припоена провинција после неа е за 10% помалку ефикасна, претставувајќи ја соодветната негативна вредност. Секое ниво Бирократија ја зголемува ефикасноста на производство за 5 %, без да надмине 100%. Сите провинции од втор круг имаат 20% казна на ефикасност, а тие од трет круг – 40%, па им се потребни дополнителни нивоа Бирократија.

^