Аватар

Сликата со која играчот се претставува во играта. Се наоѓа во профилот. Навредливите аватари може да бидат пријавени од други играчи (најмалку 3) и казнети од администрацијата. Играч, казнет заради навредлив аватар за прв пат, не може да објави нов аватар за 24 часа, казнет за втор пат - 168 часа и трет пат - цела година. За навредливи аватари се сметаат - порнографија, голотија, фашизам, расизам, свастика и сите други слики кои може да повредат нечие достоинство.

Агресор

Сојузот одговорен за објавување војна.

Администратор

Симболично присуство на администрацијата на Империја Онлајн која испраќa системска порака. Пораките од администратор содржат официјални известувања од името на тимот на ИО кои се однесуваат на претстојни настани, новости или успешно купување дијаманти. Се добиваат во портокалови пликови и се зачувуваат во системското подмени во менито Пораки, означени како Администратор.

Напомена! Не ги мешајте вистинските администраторски пораки со случајни злонамерни пораки, испратени од обичен играч со име слично на администратор, админ, ИмперијаОнлајн итн., кои пристигнуваат во зелен плик во поштенското сандаче на Приватни пораки, со цел да извлечат лична информација како лозинка или да ги доведат до заблуда играчите, охрабрувајќи ги да испратат сомнителен смс за непостоечки дијаманти. Секогаш имајте на ум дека Империја Онлајн нема ниту да ве прашува за лична информација ниту да води пропаганда за продажба на дијаманти преку приватна порака.

Активни војни

Сите војни кои моментално се водат во светот, заедно со нивните привремени резултати. Иконата за активни војни се наоѓа во горниот десен агол.

Анимации на Глобалната мапа

Визуелизација на трупите кои патуваат, независно дали се Ваши мисии или испратени непријателски напади на Глобалната мапа, ако претходно сте ги активирале анимациите на Глобалната мапа во менито Подесувања.

Анимации на селото

Мали човечиња кои се движат по Мапата на селото и го прeтставуваат секојдневниот живот на населението во провинцијата - прошетки, работа и забава. Анимациите може да се активираат или деактивираат од мени Подесувања.

Анкети

Служат за собирање на општествено мислење од заедниците во Империја Онлајн во врска со механиката на игра, правилата и условите и други, неповрзани со играта, теми. Секој играч секогаш има право да не одговори на прашање. Секогаш кога има активна анкета се појавува икона лево на екранот.

Архива за новости

Второто подмени во менито Новости. Таму се собираат и систематизираат сите објавени новости од почетокот на ерата.

Архитектура

Истражување кое влијае на времето и цената на изградба на градбите. Го намалува времето за 0.30 пати од основното време, а цената за 0.02 пати. Ниво 25 дозволува изградба на 7-те светски чуда.

^