Пазар

Градба каде што се извршуваат сите трговски операции, продажби и купување. Нивоата на пазарот го контролираат бројот на понуди што може истовремено да бидат објавени и нивната максимална големина. Секое ниво го зголемува бројот на понуди за 1 и максималната големина за два пати, капацитетот на Пазарот е глобален, тоа значи дека ако има 10 провинции со по 1 милион капацитет на Пазарот во секоја, одеднаш може да се продадат 10 милиони од една провинција. Ако нема ниво на Пазар, владетелот не може ниту да купува ниту да продава ресурси.

Пазарна толеранција

Пазарна особина. Му дозволува на корисникот рачно да ја постави (преку мени Пазар >> подмени Подесувања) разликата помеѓу цените на потенцијално купената понуда и моменталната, таа којашто е на продажба, без прозорец за предупредување за промена на цена. Оваа разлика може да се движи од 1% до 50% или дури може да биде поставена да се купува секоја понуда, независно од цената. Колку е повисок процентот на пазарната толеранција, поголема е шансата за купување поскапа понуда.

Пример: Ако моменталната најниска цена за железо е 2, а пазарната толеранција е поставена како стандардната 10%, тогаш непрекинато ќе купувате железо по цена од 2.2 злато, без предупредување од системот за некаква промена во цената. Ако толеранцијата е поставена на 1%, кога цената на железо стигнува над 2.2 злато додека сѐ уште купувате, системот веднаш ќе ве информира.

Паладин

- Класа Империјанска елитна коњаница.
- Специјални особини: бонус јуриш x2 и бонус напад x1.2 во напад.
- Барања: Напад од блиску [16], Воени коњи [9], Оклоп [16], Воена Подготовка [5], Централизација [10].

За повеќе информација околу паладините, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Период на затишје

Периодот помеѓу два напади за запленување на независна провинција. Периодот потребен повторно да се произведат ресурси во независна провинција. Колку поголемо количество ресурси, толку подолг ќе биде периодот на затишје. Колку поголем број на население, пократок период на затишје. За сите видови провинции периодот на затишје се намалува со секој нареден напад, а исто така се намалува и количеството за запленување.

Пешадија

Заеднички израз за сите човечки воени единици специјално обучени за борба на нозе.
Пешадиски единици во Ера на Освојување: мечувалци, копјеносци и стрелци.

Пилана

Градбата каде што се произведува дрво. Секое ниво ги зголемува работните места во Пиланата.

ПН (Пакт за ненапаѓање)

Ги исклучува нападите и војните помеѓу двата сојуза.

За повеќе информација околу пактот за ненапаѓање, кликнете овде.

Победа

Добиена битка.

Победа во напад

Добиена биткa во напад.

Победа во одбрана

Добиена битка во одбрана.

Повлекување

Подразбира дека одбранбената војска не се бори ако административната единица е нападната. Повлекувањето е достапно за сите видови битки, но само во колонии.

Подароци

Официјален празничен мод на Империја Онлајн. Неколку пати во тек на ера, за празници избрани од страна на тимот на Империја Онлајн, играчите имаат единствена возможност да разменуваат подароци со коешто ја покажуваат својата великодушност, верност и почит кон партнерите во војна и мир. Претстојниот период на Подароци, заедно со сите важни датуми кои се однесуваат на испраќањето и отворањето, секогаш се најавува во играта преку новости и/или системска порака. Достапни подароци се : ресурси, војска, дијаманти и премиум. Може да испраќате секакви видови подароци на ист играч повеќе пати. Може да си праќате подароци сами на себеси. Секој играч може да добие војска и ресурси не поголеми од неговото 100-часовно производство на дрво, железо и камен во златен еквивалент. Добиениот подарок може да биде отворен или избришан. Бришењето подарок не му ги враќа назад дијамантите на оној кој го испратил, но ако се војска или ресурси, се ослободува дел од лимитот на примачот што претходно го зафаќал подарокот.

Има два вида подароци со војска и ресурси:
- подарок вреден 5-часовно производство на примачот (на цена од 850 дијаманти);
- подарок вреден 10-часовно производство на примачот (на цена од 1700 дијаманти).
Значи, за време на еден ист период на Подароци, секој играч може да добие најмногу 10 подароци ресурс и 10 подароци војска за 1700 дијаманти секој или 20 подароци ресурс и 20 војска по 850 дијаманти секој.
Напомена! Содржината на подарокот не се одзема од моменталната сопственост на праќачот, а само цената во дијаманти. Количеството ресурси и/или војска коешто сте го испратиле на играч ќе се зголеми ако се зголеми и неговото производство во времето на отворање на подарокот. Но, дури и производството на примачот да се намали, количеството нема да биде помало од тоа во времето на испраќањето. Подароци со дијаманти се испраќаат само со купени дијаманти. Еднаш дневно, во текот на целиот период на Подароци, има Среќен Час со специјален 50% попуст. Среќниот час се објавува исклучиво само на службената Facebook страница на Империја Онлајн. Првиот подарок кој ќе го добие играч се купува за половина цена, освен ако не е активен Среќен Час.

Поени

Го мери развојот на играч во некои аспекти на играта. Има два вида поени во играта: нето економски поени - го мерат економскиот напредок и воени поени - го одредуваат степенот на воени досигнувања.

Позитивен биланс на злато

Кога вредноста на приходот е повисока од трошоците и продолжува генерирањето и зголемувањето на злато.

Покана за пријателство

Барање за додавање играч во чат. Полниот список со пријателства е достапен во Подесувања >> Листа на блокирани.

Полковник

Воен чин доделен на играч со 100 000-149 999 воени поени.

Помлад Лидер

Заеднички израз за сите лидери во првиот стадиум на лојалност.

Помлад Наредник

Воен чин доделен на играч со 500-749 воени поени.

Помлад Офицер

Заеднички израз за сите офицери во првиот стадиум на лојалност.

Помош

Овде играчите може да пријавуваат грешки, неправилности, да поставуваат и да си разјаснуваат прашања и сомнежи.

Понуда на Пазар

Количеството ресурси коешто играч го објавува за продажба на пазарот. Објавата е возможно да се повлече до 1 минута после објавувањето, но назад не се добива провизијата за објавување. Понудата трае 48 часа и ќе се појави на пазарот помеѓу 5 и 10 минути после објавувањето ако е една од 5-те најефтини понуди. Ако понудата истече, таа се враќа на сопственикот на провинцијата од каде што била објавена.

За повеќе информација околу пазарот и провизиите, кликнете овде.

Пораз

Изгубена биткa.

Пораз во напад

Изгубена битка во напад.

Пораз во одбрана

Изгубена биткa во одбрана.

Порака

Еден од начините на комуникација помеѓу играчите од ист свет во Ера на Освојување. Тоа е кратка напишана информација испратена од изворот до примачот. Во играта има повеќе од 10 вида пораки: приватни, воени, сојузни, од шпионажа, подароци, трансакции, администраторски, оперативни, известувања и трибина. Секоја од нив, после добивањето, се покажува во различно обоен плик во горниот десен агол над Селото и се чува на различно место во мени Пораки . Сите пораки постари од 2 седмици автоматски се бришат.

Порака за подароци

Порака која информира за добиените подароци, испратени од друг играч или добиени на Лотарија и за тие кои автоматски биле отворени.

Поручник

Воен чин доделен на играч со 15 000-22 499 воени поени.

Последен шпионски извештај

Се наоѓа во екранот за Шпионажа и ја покажува состојбата на провинција/колонија од моментот кога била шпионирана, затоа последниот шпионски извештај не обезбедува актуелна информација.

Постар Лидер

Заеднички израз за сите лидери во третиот стадиум на лојалност.

Постар Наредник

Воен чин доделен на играч со 1 500-2 999 воени поени.

Постар Офицер

Заеднички израз за сите офицери во трет стадиум на лојалност.

Постар Поручник

Воен чин доделен на играч со 22 500-34 999 воени поени.

Потполковник

Воен чин доделен на играч со 75 000-99 999 воени поени.

Почетник

1. Воен чин доделен на играч со 0-149 воени поени.

2. Заеднички израз за сите обични членови во првата фаза на лојалност.

Почетничка заштита

Опција којашто може да биде активирана од секој играч со помалку од 1000 нето економски поени којшто бил поразен во одбрана, кога ќе се покаже копче за активирање во извештајот од битката, а и како една од задачите во Советникот. Профилите под почетничка заштита не можат да напаѓаат, ниту да бидат нападнати. Играчите под почетничка заштита се појавуваат со икона со бебешка количка во рангирањето. Опцијата автоматски истекува кога профилот ќе достигне 1000 нето економски поени или кога ќе поминат 168 часа од активирањето.

Празнична заштита

Опција која може да се активира од секој играч, но само за време на празници, претходно најавени од тимот на Империја Онлајн и за ограничени периоди, определени од ИО. Додека е активирана, профилот не може да биде нападнат, ниту пак може да напаѓа. Во меѓувреме, може да се пристапи во профилот, може да се градат градби, може да се прават истражувања, да се регрутира војска и итн. Сите напади испратени до одредена Империја пред активирањето, ќе бидат извршени. Сојузните битки се исклучени од секаков вид заштита. Нападите на независните провинции со цел запленување ресурси се исто така невозможни.

* И модот Одмор и Празничната заштита може да се активираат само ако моментално нема војска на мисија.

Прв круг провинции

Ги вклучува провинциите бр. 2, 3, 4, 5 и ја заокружува провинција бр. 1. Сите провинции од прв круг може да бидат заградени преку припојување 5, наместо 4 провинции со кои граничат, имено - провинција бр. 1, две провинции од прв круг и две од втор. Специјални особини на провинциите од прв круг се: казна на капацитет на фарми, нема казна по бирократија, лимит на бонус на Задоволсво над 100 од основниот лимит, бонус дневно задоволство , нема бонус производство.

За повеќе информација околу првиот круг провинции, кликнете овде.

Прв Офицер

Заменик лидер, ги има сите права и бонуси како и лидерот, освен да го исфрли од сојузот самиот лидер.

За повеќе информација околу правата и придобивките на првиот офицер кликнете овде.

Преместување на војска

Испраќање единици од една провинција/колонија во друга. Има два начина на движење војска: преку копчињата 'Преместување во гарнизон' и 'Преместување на поле'. Првото копче избраните единици ги испраќа по опаѓачки редослед на издржување, автоматски пополнувајќи ги гарнизоните на избраните провинции/колонии. Второто копче пропорционално ги распоредува избраните единици на полињата на избраните провинции/колонии.

Напомена! Бранителот не може да премести трупи во и од провинција под напад, ако остануваат помалку од 5 секунди до ударот.

Премиум членство

Премиум пакетот овозможува многу бонуси со кои не располагат играчите без премиум, имено:

- 10% бонус на прираст на население;
- 10% бонус на производство;
- 10% бонус на напад на војска;
- 10 поени Задоволство дневно во сите провинции и колонии;
- 10% бонус на животни поени на војска;
- двоен капацитет на Транспортните станици;
- 10% на сите Номадски лимити на население и 10% на ефект на фарми (САМО за Номади);
- 20% пократко време за обука на единици и 20% поголеми капацитети на касарните (САМО за Империјани).

Пренесување дијаманти

Пренесување на купени дијаманти од еден во друг свет, дел од Вашиот глобален профил, во којшто се пријавувате со истото корисничко име и лозинка. Опцијата се наоѓа во подменито Пренесување Дијаманти во Премиум менито.

Пренесување злато

Испраќање злато на сојузник. Но, се разбира, ограничено. Играчите може да испраќаат и примаат не повеќе од 10% од нивната моментална нето вредност во златен еквивалент. Трансферот на злато е оданочен. Колку што играчот е поблиску до својот лимит, толку повеќе злато за данок ќе се изгуби. Праќачот ќе биде известен колку од неговото злато ќе се изгуби во текот на пренесувањето. Златото се испраќа со товарни колички и се прима во Транспортна станица.

Напомена! За успешно да пренесете злато потребна Ви е Транспортна Станица, товарни колички и најмалку една припоена провинција. Златото се испраќа од копчето Пренесување Злато во Транспортната Станица.

За повеќе информација околу преносот на злато, кликнете овде.

Престолнина

Главната припоена провинција. Престолнината има бонус на фарми, па е многу полесно во неа да се одржи позитивен прираст на население. Исто има и 10% бонус на производството на сите ресурси, 20 поени бонус на лимитот на Задоволство, 20 бонус поени дневно на Задоволство, 10% животни поени во одбрана на сите воени единици и 10 поени бонус Морал во одбрана. Тоа е местото во кое се складира златото и единственото место од кое можат да се порачуваат истражувања.

Пријава на порака

Пријава на навредлива порака примена од друг играч. Тоа значи дека администрацијата на играта ќе ја разгледа нејзината содржина и ако е потребно, ќе го замолчи тој што го испратил. Единствен начин да пријавите порака е да кликнете "Пријави" во горниот десен агол во соодветната порака.

Приватна порака

Порака испратена кон еден играч. Приватните пораки пристигнуваат во зелени пликови и се чуваат во менито Приватни во Пораки. Целата коресподенција, не постара од 2 седмици и не рачно избришана, помеѓу испраќачот и примачот, хронолошки се покажува преку клик на името на примачот во менито Приватни. Најстарата порака е на дното на прозорецот, а најновата - на врвот.

Придружна војска

Бројот потребни војници за придружба на една опсадна машина/товарна количка, додека е на мисија. Бројот за придружба е еднаков на бројот од местата во гарнизон кои ги зазема една опсадна машина/товарна количка зад ѕидовите на Тврдината. Бројот на селани потребни за изградба на машини е еднаков на придружниот број x 5.

Припоена провинција

Провинција, дел од Мапата на Империјата, во којашто играчот ги има сите права - изградба, производство, данок, регрутирање, напади, присуство на војска итн. Секоја припоена провинција може да се биде претворена во престолнина во секое време, освен ако нема напад врз Империјата. За да се припои, потребно е слободно ниво Централизација. Кога ќе се припои, нивото на Тврдина паѓа за 1 ниво, сите други градби се освоени какви што се; присутните трупи достапни во нападите за запленување исчезнуваат заедно со достапните ресурси.

За повеќе информација околу припоените провинции, кликнете овде и овде.

Прираст на население

Зголемување на бројот на население преку основниот прираст на расата, Медицина и Премиум.

Основен Империјански прираст на население: моментално население /1000+50
Основен прираст на бездомници: (моментално население /1000+50) /2
Основен Номадски прираст на население: 2 x моментално население /1000+50
Фармите технички не го зголемуваат прирастот; тие ја намалуваат вредноста на загубите на население на час и практично го намалуваат прирастот во подоцните стадиуми на развојот на провинцијата, кога бројот на население е далеку над капацитетот на фармите и загубите се навистина големи.

За повеќе информација околу прирастот, кликнете овде.

Приход

Тоа што заработува Империјата преку производство, даноци, камата, запленувања, грабежи, итн.

Провинција

Главна административна единица во Ера на Освојување. Тоа е заеднички израз за сите територии, дел од Мапата на Империјата коишто играч може да ги завлaдee и да ги искористи на повеќе начини.

Производство

1. Генерирање дрво, железо и камен, како резултат од вработувањето селани во рудниците. Основно производство за 100 цивили: 10 дрво / 2 железо / 5 камен, тоа може да се зголеми со Премиум, бонуси од терен, нивоа на Тврдина, Бирократија и сојузно истражување Производство.

2. Сојузно истражување чиишто нивоа додаваат 2% повеќе на производството на сите членови на сојузот.

Променa на Престолнина

Преместување на седиштето на Империјата во друга провинција. Престолнината може да биде променета на секои 168 часа, но не додека сте под напад. Сите играчи почнуваат со престолнина во провинција бр.1, неутрален терен, но после Централизација [4], може да ја преместат во друга провинција со подобар терен за одбрана или производство. Преместувањето на престолнината подразбира преместување на бонусот на производство од престолнината и бонусот на фармите, во новото седиште, коешто може да има негативен ефект на бројот на население во старата престолнина, ако играчот нема изградено неколку дополнителни нивоа фарми.

Промена на локација

Ако сте под постојани напади од агресивни соседи, немате колонии во близина или сакате да бидете поблиску до своите пријатели, оваа опција Ви дозволува да ја промените својата локација на Глобалната мапа. Опцијата се наоѓа во мени Подесувања -> подмени Општи. Локацијата на Глобалната мапа може да се промени после 30 дена од направено преместување. Можете да создавате нова локација по еднаш на 24 часа, се додека не сте задоволни со дадената локација. Локациите се создаваат по случаен избор на системот и играчот не може да избере локација на мапата, освен ако не е понудена од системот.
Пред да ја промените локацијата, на Глобалната мапа можете да проверите каде ќе се наоѓа империјата при евентуална промена. Имате можност да проверите и на колкаво растојание ќе се наоѓаат Вашите моментални колонии од новата локација, како и нејзиното влијание врз Задоволството во тие колонии.
ВАЖНО: Промената на локација е неповратна. Ако еднаш веќе сте ја потврдиле, Вашата Империја не може да биде вратена на старата локација.

Во бавен свет промената на локација е достапна 14 дена после почетокот.
Во брз свет промената на локација е достапна 7 дена после почетокот.
Во Блиц и Мега Блиц светови промената на локација е достапна 4 дена после почетокот.

Не можете да ја промените локацијата ако:
- Имате инфилтрирани шпиони;
- Имате војска, шпиони, товарни колички, кои патуваат, војски во засилување, пренос на злато или донација на војска кон сојузот;
- Имате транспортни мисии кои се движат кон колонија;
- Во тој момент сте под напад. (Нападот е видлив ако останува помалку од 1 час до ударот).
За да ја промените локацијата, потребно е да ги повлечете мисиите или да ги почекате да пристигнат.
ВАЖНО! Ако нападнете играч кој успеал да ја промени локацијата на неговата Империја пред нападот да станал видлив, Вашата војска автоматски ќе биде вратена дома. Ако не преостанале локации на Глобалната мапа, опцијата ќе стане недостапна и ќе исчезне од мени Подесувања.

Профил

Профилот содржи многу карактеристики кои играчот може да ги зададе, да би можел да ги информира другите играчи за неговата лична информација (ако има желба), како и достигнувања во играта,раса, сојуз, сојузници, рангирање итн. Профилот е достапен преку менито Профил, во играта.

Профил

Заедничко има за профил, регистрација и Империја. Профилите се исклучителна и интелектуална сопственост на Империја Онлајн и се даваат само за привремена употреба на играчите кои се регистрирале во играта. Сите лични податоци строго се чуваат и нема никаква опасност за нивно распространување или злоупотреба.

^