Обичен терен

Терен на колонија без бонус. Не му доделува никакви специјални привилегии на неговиот основоположник, но поради тоа што нападите врз неа, надвор од опсег х5, се забранети, а оние надвор од опсег х2 го намалуваат моралот, честа и параметарот на напад на оној што напаѓа, следејќи ги правилата на секој нормален напад, му дава релативна сигурност на владетелот.

Обичен член

Сојузник без посебни права во сојузот и без специјални бонуси.

Обука

Процесот помеѓу регрутација и мобилизација, кога обичните селани стануваат храбри војници. Колку е поелитна единицата, толку повеќе време е потребно за обука. Со активирање Премиум, времето за обука кај Империјаните се скратува за 20%. Групите на обука се покажуваат во икона на десната страна во мапата на Селото.

Одбранбени градби на тврдина

Специјални градби на Тврдина што ја засилуваат одбраната и им помагаат на играчите да зачуваат дел од достапните ресурси и население додека се под напад.

Ознака

Кратенка за пристап до одреден објект на Глобалната мапа. Објект може да биде означен преку лев клик на него и избирање на последната опција. Сите означени објекти се достапни преку клик на соодветната ознака во иконата на горниот лев агол од Селото. Играчите може да означат до 20 објекти. Сојузниците може меѓусебно да споделат ознаки, па практично имаат пристап до повеќе од 20 означени објекти.

Оклоп

Истражување кое ги надоградува животните поени на сите единици (освен на опсадните машини), за +5% по ниво. Максималното ниво кое се зема во предвид е 30 (вкупната сума од индивидуалните и сојузните нивоа).

Оперативна порака

Порака која дава оперативна информација за резултатите од неодамнешните акции, дневни рутински настани или го предупредува играчот за претстојните датуми на истекување, почеток или крај на ограничените периоди или секој системски детаљ за којшто играчот би требало да биде информиран. Оперативните пораки секогаш се добиваат во жолт плик, но бидејќи има неколку вида, секоја од нив е означена различно во Системското подмени во мени Пораки:
- Мобилизирање војска - порака која информира за автоматски мобилизирани групи од војници на обука.
- Претплата за фестивал со постепен ефект - порака која информира за активирање фестивал со постепен ефект, платен со дијаманти, како и количеството дијаманти автоматски земени за услугата.
- Проширување - порака која информира за последно припоени провинции, неодамна основана колонија или провинција претворена во вазал.
- Премиум - порака која информира за истекувањето на Премиум за кратко време или веќе еднаш истечена или успешно примена групна понуда.
- Друго - оваа порака содржи пораки кои известуваат за истекување на почетничката заштита, влегување во сила на офлајн блок, покани за чувари на профил и резултати од жалбите за напад.

Опоравување

Процент од уништените единици кои играчот ги обновува после битката. Основниот процент на опоравување е повисок за Номадите и може да биде зголемен и кај двете раси со нивоа на Воена медицина. Максимален процент за опоравување – 70%.

За повеќе информација околу опоравувањето, кликнете овде.

Опсада на тврдина

Се спроведува после успешна, за напаѓачот, Битка на поле. Ако нема никаква заштитничка војска на поле, распоредена пред ѕидовите на Тврдината, директно се спроведува битка за Опсада на тврдина каде што војниците во напад се обидуваат да ги срушат непријателските ѕидови на Тврдината и да продолжат со битка со гарнизонот (ако има некакви единици во гарнизот). Со успешна Опсада на тврдина се запленуваат точно толкаво количество ресурси колку што дозволува капацитетот на носивост на испратените воени единици и товарни колички, а не е покриено од капацитетот на Трезорот.

За повеќе информација околу битката за Опсада на Тврдина, кликнете овде и овде.

Опсадни машини

Специјализирани единици за уништување Тврдини. Сите тие се бавни и им е потребна придружна војска додека се на мисија. Немаат капацитет на носивост. Опсадните машини се поделени на три класи: лесни, тешки и елитни, достапни и за двете раси, но треба да се има во предвид дека иако цената е иста, Империјанските опсадни машини се 20% појаки.

За повеќе информација околу опсадните машини, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Опсег на влијание

Територијалниот израз на сојузното влијание.

Опсег на единици

Далечина на истрел на далекустрелните единици.

Опсег на нето економски поени (опсег)

Разликата помеѓу нето економските поени на двајца играчи. Нападите врз Империите надвор од опсег x5 (5 пати помали или поголеми на база на нето економските поени) се забранети. Нападите врз Империите надвор од опсег x2 предизвикуваат загуби на морал, чест и параметар на напад, за секој 0,1 коефициент разлика надвор од дозволениот опсег.

За повеќе информација околу нападите надвор од опсег, кликнете овде.

Оптимален приход

Копче кое се наоѓа во менито "Вработување работници во сите провинции". Тоа го вработува цело население најпрво да произведува ресурси со највисок бонус; доколку бонусите се еднакви, населението се вработува прво да произведува железо, потоа камен и на крај дрво.

Освојување

Стекнување целосна контрола, со сите вклучени права, над одредена територија, после спроведување победнички битки во напад, за Опсада на Тврдина. Во Ера на Освојување може да бидат освоени независни провинции и сојузни замоци.

Основање

Стекнување целосна контрола, со сите вклучени права, над определено место на Глобалната Мапа и утврдување на административна единица или воен капацитет на него, готови за користење за различни цели. Во Ера на Освојување може да се основаат колонии и собирни пунктови.

Отпорност на јуриш

Специјална карактеристика и на Империјанските и Номадските тешки копјеносци и фаланги - го избегнуваат бонусот од јуриш на сите коњанички единици кое значи дека тие го избегнуваат бонус ударот на коњаницата во првата рунда.

Офицер

Заеднички израз за сите офицери во вториот стадиум на лојалност.

Офицер-Дипломат

Позиција во сојузот што се грижи за меѓусојузните односи и дипломатските позиции со пријателски или непријателски сојузи. Специјален бонус - +1 поен дневно Чест, но само во вториот и третиот стадиум на статус на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на офицерот-дипломат, кликнете овде.

Офицер-Изградба

Позиција во сојузот што се грижи за изградбата на сојузните градби во замоците. Специјален бонус - 20% побрза изградба, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на офицерот-изградба, кликнете овде.

Офицер-Научник

Позиција во сојузот што се грижи за сојузните истражувања. Специјален бонус – 20% побрзо истражување, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на офицерот-научник, кликнете овде.

Офицер-Финансии

Позиција во сојузот што се грижи за средствата и инвестициите во него. Специјален бонус - 50% пониска фиксна провизија, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на офицерот-финансии, кликнете овде.

Офицерски Кандидат

Воен чин доделен на играч со 3 000-7 499 воени поени.

Офицерско крило

Сојузна структурна единица која се состои од сите офицери. Членовите на Офицерското крило имаат индивидуални специјални бонуси.

^