Работилница за опсадни машини

Касарните каде што се регрутираат и градат сите класи опсадни машини и товарните колички.

Работни места

Бројот на селани што можат да бидат вработени во рудник.

Работници

Населението вработено во рудниците за да произведува дрво, железо или камен и да му биде извлекуван данок во злато.

Радиус

Единица за опсег на влијание. 1 радиус = 1 Империјална милја

Напомена! Во Империја Онлајн, под радиус не се подразбира истоимениот геометриски израз. Во Империја Онлајн, радиус е единица за должина којашто го мери растојанието помеѓу центарот и која и да е крајна точка на кругот на опсегот на влијание на еден сојузен замок.

Разузнавателна единица

Погледајте шпион.

Рангирање

Класификација на играчите во еден свет според нето економски поени и воени поени. Главното класирање е во нето економски поени. Рангирањето се актуелизира еднаш на секои 24 часа и покажува: корисничко име, раса, воен чин, медали (ако има такви), сојуз и копче во формата на запченик кое при клик на него покажува различни можности како испраќање порака, покана за во сојуз и покажување на Глобалната мапа. Рангирањето не може да се употреби за воени интеракции како напад или шпионажа - овие се извршуваат само преку Глобалната мапа.

Раса

Заеднички израз за фракциите во Ера на Освојување. Класификација на владетелите во две големи и различни групи, базирана на специјални особини и економски и воени модификаториИмперијани и Номади. Раса се селектира при регистрација. Еднаш избрана, не може да се промени.

За повеќе информација околу расите, кликнете овде.

Распоредување

Утврдување на трупи во одредена зона на битка или одбранбена позиција како поле на битка, гарнизон, кули.

Расформирање

Ослободување на војници. Го враќа целиот број население, искористено за регрутацијата и 50% од инвестираните ресурси.

Регрутација

Порачувањето обука на единици во соодветната касарна. Регрутацијата се плаќа во дрво и железо, цената се зголемува во согласност со класите - лесна, тешка, елитна, и неактивното население – по еден селанец на војник, но за изградба на една опсадна машина е потребно повеќе од еден селанец.

Ред за чекање

Опција која додава дополнителни места за вложување ресурси. Има редови за чекање на градби, истражувања и војска.

Ред за чекање на војска

Додавање групи за обука во ред за чекање во случај касарните да останат без слободни места, а сѐ уште има слободни групи единици, дозволени од нивото Воени вештини. Групите за обука ќе се обучуваат една после друга. Ако поседувате доволно ресурси и население може да ги регрутирате и/или надоградите сите преостанати групи за обука одеднаш, но не заборавјте дека сѐ уште ќе бидат во редот за чекање. Првата група за обука, од редот во една провинција и во една касарна, може да биде моментално обучена за дијаманти. За секоја група на која ѝ преостануваат помалку од 6 часа се потребни 170 дијаманти. Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на преостанатото време на другите групи во редот.

Напомена! Редот за чекање на војска не е достапен кога Империјата е под напад.

Ред за чекање на градби

Играчите може да додадат до 4 градбиекономски и воени) во ред за чекање, така тие автоматски ќе се изведуваат една по друга. Сите градби во редот, освен првата, се во мод на чекање - нивните бројачи се замрзнати и времето ќе почне да им се намалува кога ќе станат првата градба во редот. Градба во чекање може да се премести во првата позиција во редот, тогаш прогресот на поместената градба не се анулира, само се паузира. Сите градби што се во тек, може да бидат откажани, со тоа се враќаат 50% од инвестираните ресурси назад. Повеќе од едно ниво од истата градба може да биде порачано во еден ред, но само последната порачана може да биде откажана. Секоја градба на којашто ѝ остануваат помалку од 96 часа, може да биде моментално конструирана за дијаманти.

Напомена! И двете, редот за чекање и откажувањето градба, не се достапни додека Империјата е под напад. Откажување градба и преместување градби во редот се опции достапни за профили со повеќе од 200 нето економски поени.

Ред за чекање на истражувања

Играчите може да додадат до 8 истражувања (4 економски и 4 воени) во ред за чекање, тие автоматски ќе се исполнуваат едно после друго. Сите истражувања во редот, освен првото, се во мод на чекање - нивните бројачи се замрзнати и времето ќе почне да им се намалува кога ќе станат првото истражување во редот. Истражување кое е во чекање, може да биде преместено на прво место во редот, а прогресот на поместеното истражување не се анулира, само се паузира. Сите истражувања кои се во тек, може да бидат откажани, со тоа се враќаат 50% од инвестираните ресурси назад. Повеќе од едно ниво на исто истражување може да биде порачано во редот, но само последното порачано може да се откаже. Секое истражување со помалку од 24 преостанати часа може да биде моментално завршено за дијаманти.

Напомена! И редот за чекање и откажувањето на истражување не се достапни кога Империјата е под напад. Откажувањето и разместувањето истражувања во редот се достапни за профили со повеќе од 200 нето економски поени.

Редник

Воен чин доделен на играч со 150-249 воени поени.

Резерва

Служи за пополнување на предните зони во случај на поразени единици на Крилата или Центарот. Ако две зони истовремено се пробиени од непријателската војска, една од нив, по случаен избор е пополнета од резервните единици.

Рестарт на свет

Еден свет се рестартира кога неговата ера ќе заврши. Ерата завршува на датум, одреден од администрацијата на Империја Онлајн.

Што се случува кога светот ќе се рестартира?

- Профилите се пренесуваат во новата ера, но на различна локација на Глобалната Мапа.
- Повторно се избираат Раси.
- Развојот на Империите започнува од 0.
- Дијамантите и Премиум членствата исто така се пренесуваат.
- Сојузите автоматски ја започнуваат новата ера со истиот состав на членови како што и ја завршиле претходната ера, без потреба повторно да се создаваат и рачно да се покануваат сите членови. Пренесениот сојуз подразбира: исто име, исти членови на исти позиции, но со 0 статус на лојалност, нема поседи, нема војска, ризницата е празна, истражувањата се на 0, дипломатските односи се исчистени; не може да бидат поканети нови сојузници додека нивото на сојузна администрација не одговара на моменталниот број членови; неактивните сојузници (оние кои сѐ уште не се пријавиле во профилите) може да бидат исфрлени од лидерот кога тој има најмалку 1000 нето економски поени.

Ресурс

Добрата кои Империјата ги произведува во рудниците или ги извлекува како данок од своето население кое постојано се зголемува, па понатаму се инвестираат во градби, истражувања и војска.

Ров

Ги намалува животните поени на напаѓачката нулта трупа со 1% по ниво.

Рудник

Заеднички израз за сите градби каде што се произведуваат ресурси.

Рудник за железо

Градбата каде што се произведува железо. Секое ниво ги зголемува работните места во Рудникот за Железо.

Рунда

Дел, ниво, фрагмент од битката. Сите битки се поврзани во рунди во кои единиците нанесуваат и трпат штети во согласност со сопствениот и противничкиот напад и животни поени. Колку повеќе рунди има битката, толку повеќе се загубите на единици и Морал.

^