Заградена провинција

Внатрешна провинција означена со црвена надворешна линија на Мапата на Империјата и граничи само со припоени провинции. Заградувањето предизвикува пад од 20 поени на Моралот на оној кој напаѓа. Провинција не може да биде двојно-заградена.

Загуби на население

Загуби на население на час поради недоволен капацитет на фарми.

Задоволство

Статистиката којашто покажува колку е среќно населението од управувањето на владетелот. Има многу фактори, дневни и еднократни, кои предизвикуваат зголемување или намалување на моменталното задоволство, затоа е потребно внимателно да се разгледаат за да не се појават неочекувани непријатни резултати. Главната последица од ниско задоволство (не се препорачува) е емиграција, немири и бунтови. Колку поблиску до својот лимит е Задоволството во една провинција, толку е посреќно населението и е помала шансата за емиграција и немири.

За повеќе информација околу задоволството, кликнете овде.

Заедничко средно задоволство

Средното Задоволство на една миграциска група, пресметано преку собирање на индивидуалните вредности на средното Задоволство и разделување на добиеното на бројот империи кои учествуваат во групата.

Замолчен играч

Корисник кој привремено ги изгубил правата да испраќа пораки и да објавува коментари на профил поради една или неколку пораки со навредлива содржина, пријавени од соодветниот корисник/ци. Играч може да биде замолчен за 24 часа (за првата навредлива порака/коментар), 168 часа (за втората навредлива порака/коментар) и за цела година за третата навредлива порака/коментар). Замолчените корисници се придружени со икона со жолто лице, залепено на устата со црвена лепенка.

Запленување

Земање на некои од достапните ресурси од провинција/колонија после успешна опсада на Тврдина (ако е уништена Тврдината и победена битката со гарнизонот). Играчите може да запленуваат од своите независни провинции (профитабилно до 10 пати), припоените провинции и колонии на други активни играчи и напуштени империи. Запленувањето подразбира присвојување на сите ресурси дозволени од капацитетот на носивост на оној кој напаѓа, а не ги покрива капацитетот на Трезорот на бранителот.

Заработени дијаманти

Дијамантите добиени на начин различен од купување преку некој од методите за плаќање, изброени во подмени "Земи Дијаманти" во Премиум менито. Заработените дијаманти може да се употребуваат за сите платени екстри и функционалности, освен за нивно донирање во сојузната ризница, испраќање подароци на друг играч за време на Сесија за подароци додека имате помалку од 10 000 нето економски поени и пренесување во рамките на својот глобален профил.

Заработени дијаманти се:

- 170 дијаманти што ги добивате како награда за одговор на прашање од Анкети ако сте го потврдиле имејлот со којшто сте се регистрирале;
- дијамантите заработени од Советникот или од достигнување;
- дијамантите добиени како подарок од друг играч, за време на Сесија за подароци;
- дијамантите извлечени од сојузната ризница.

Засилување

Опција достапна само за членови на сојузот со колонии. Подразбира испраќање трупи во некои сојузнички колонии.

За да испратите војски во засилување одете во мени Сојуз >> подмени Колонии, изберете сојузник од паѓачкото мени и кликнете на копчето "Испраќање војска во засилување", веднаш до посакуваната колонија.

За повеќе информација околу војските во засилување кликнете овде.

Засолништа

Го чуваат цивилното население од непријателски Грабежи.

За повеќе информација околу Засолништата кликнете овде.

Заштита 'Добредојдовте назад'

Заштита која автоматски ја добива секој Император кој се вратил во својата Империја после отсутво од најмалку две седмици, после најавување во својот профил. Продолжува 48 часа и ги забранува сите напади до и од Империјата.

Златен еквивалент

Претворање во златна монетарна единица од другите три ресурси - дрво, железо и камен, според следната равенка: 1 злато = 2 дрво = 0,4 железо = 1 камен.

Златен рудник

Популарно име за напуштена империја.

Злато

Валутата на играта, генерирана под форма на данок, извлечен од вработеното население, следејќи 6 различни даночни стапки. Златото се добива и користи на централизиран начин, од ризницата, која се наоѓа само во престолнината на Империјата, т.е. извлечените даноци одат дирекно во ризницата, а и златото потребно за градби, истражувања или издржување на војската се извлекува директно од таму, без потреба да биде транспортирано.

Зона

Првата и третата линија во Битка на поле се поврзани во зони - лево Крило, Центар и десно Крило.

^