Казна при напад

Загуба на поените на параметарот на напад поради напаѓање надвор од опсег - 3% за секои 0,1 коефициент разлика надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2 во којшто напаѓачот е поголемиот профил.

Казнет играч

Играч кој привремено изгубил пристап до неговиот профил заради користење баг или нарушување на правилата. Казната може да продолжи до 24 часа, 48 часа или цела година. Казнетите играчи имаат икона со решетки и може да бидат напаѓани.

Како да играм?

Официјално комплетно упатство на Империја Онлајн. Ја содржи целата детална информација којашто може да му потреба на играч, организирана во модули и теми.

Камата од банка

Процент злато на моменталното достапно злато во престолнината коешто го добива играчот. Каматата се зголемува од нивоата банкарство - секое ниво после четвртото додава 1% камата дневно. Каматата е ограничена - максимум 3 000 000 на 24 часа, т.е. 125 000 на час.

Камен

Произведено од вработеното население во каменоломот, каменот е основниот ресурс за изградба на Тврдини и исто е потребен и за други градби и истражувања.
Златен еквивалент: 1 камен = 1 злато

Каменолом

Градбата каде што се произведува камен. Секое ниво ги зголемува работните места во Каменоломот.

Капацитет на носивост

Параметар на единиците, го определува количеството ресурси што една единица, војник или товарна количка, можат да ги запленат од непријателска провинција/колонија или независна провинција.

Капацитет на фарми

Бројот на селани коишто може да ги поддржува провинцијата без загуби на население на час. Секое ниво фарми има одреден капацитет. Колку што е понизок капацитетот на фармите во споредба со бројот на население, толку поголеми загуби ќе има, бидејќи фармите не успеваат да го поддржуваат целото население.

Капетан

Воен чин доделен на играч со 35 000-49 999 воени поени.

Капитулација

Ѝ дозволува на дадена Империја да се одбрани самата себеси од нападите на друга за период од 168 часа. Во текот на овој период, ниту капитулираната Империја, ниту таа што напаѓа, немаат право да се напаѓаат меѓусебно. Капитулација е возможна само ако не сте го нападнале играчот од којшто планирате да капитулирате во изминатите 48 часа и ако тој Ве нападнал во последните 48 часа. Сите играчи од кои може да капитулирате во моментот се наоѓаат во подменито Капитулација, во Салата на Престолот.

За повеќе информација околу капитулацијата, кликнете овде.

Картографија

Истражување коешто влијае на брзината на војска. Го намалува времето за патување на војска, но дури и со највисоко ниво, времето за мисија не може да биде помалку од 40 минути во мирни времиња и 10 минути во војна.

Касарна за Коњаница

Касарните каде што се регрутираат и обучуваат сите класи и видови коњанички единици и шпиони.

Касарна за Пешадија

Касарните каде што се регрутираат и обучуваат сите видови пешадиски единици (мечувалци и копјеносци).

Касарна за стрелци

Касарните каде што се регрутираат и обучуваат сите класи стрелци.

Касарни

Заеднички израз за сите градби во коишто се регрутираат и обучуваат единици.

Капацитетите на Империјанските касарни се зголемуваат за 20% при активирање Премиум.

Катапулт

- Класа Тешка опсадна машина.
- Специјални особини: 100% напад на ѕидовите на Тврдина и 30% против непријателски опсадни машини и воени единици; далекострелен напад во 2 рунди пред блиска борба; придружна војска – 10 војници.
- Барања: Воена подготовка [1], Напад од далечина [8], Централизација [5].

За повеќе информација околу катапултите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Работилницата за опсадни машини.

Катафракт

- Класа Номадска елитна коњаница.
- Специјални особини: бонус јуриш x3 и бонус количество - бонус напад х0,5% на секои 1000 катафракта во војската во напад.
- Барања: Напад од блиску [16], Воени коњи [9], Оклоп [16], Воена Подготовка [5], Централизација [10].

За повеќе информација околу катафрактите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Катафракт стрелци

- Класа Номадска елитна далекустрелна коњаница.
- Хибридна единица која се бори како стрелец во првата рунда и како обична коњаничка единица после првата рунда, што значи дека во првата рунда ефектот од истражувањето Напад од далечина е додаден на нивниот напад, а после првата рунда - ефектот од истражувањето Напад од блиску.
- Специјални особини: бонус јуриш x2.
- Барања: Напад од блиску [16], Воени коњи [9], Оклоп [14], Напад од далечина [16], Воена Подготовка [5], Централизација [10].

За повеќе информација околу катафрактите стрелци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Коњаница

Најсилната единица за битка на поле. Сите обични коњанички единици се силни против мечувалци (напад x2) и стрелци (напад x4) и ранливи против копјеносци (напад /6), за разлика од далекустрелните коњанички единици чијшто бонус е единствено против копјеносците(напад x2). Ниту една од коњаничките единици не може да напаѓа Тврдина - во Опсада на Тврина нивниот напад е 2 пати помалку ефикасен и животните поени - 2 пати помали. Обичната коњаница е поделена во три класи; лесна, тешка и елитна империјанска, елитна номадска, достапни за двете раси. Далекустрелната коњаница е достапна само за Номадите и постојат две класи - лесна и елитна.

За повеќе информација околу коњаницата, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Коњанички стрелец

- Класа Номадска лесна далекострелна коњаница.
- Хибридна единица која се бори како стрелец во првите две рунди и како единица за блиска борба после втората рунда со бонус x2 против копјеносци. Во првите две рунди од нивниот напад се применува ефектот од истражувањето Напад од далечина, а после втората рунда - истражувањето Напад од блиску.
- Најдобрата единица за грабежи со оглед на нивната висока брзина и највисока сила на грабеж.
- Барања: Напад од блиску [1], Воени коњи [1], Напад од далечина [1].

За повеќе информација околу коњаничките стрелци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Коефициент на брзина

Брзината на единиците во Ера на Освојување, независно од Империјални милји, може да биде претставена во коефициент на брзина кој се појавува кога ќе ја испратите војската на мисија. Коефициент на брзина 1 = 80 ИМна час.

Коефициент разлика

Секој децимален поен над дозволениот опсег x2.

Пример: Ако оној кој напаѓа има 250 000 поени, а оној кој се брани 96 000, опсегот на нето економски поени е х2,6 (250 000 / 96 000), а коефициентот разлика е 0,6 (2,6 - 2).

Колонија

- Територијално проширување на Империјата на Глобалната мапа.
- Основната структура на колониите е како кај припоените провинциинаселение, прираст на население, тврдина, објекти на тврдината, некои економски градби, распоредување војска, приход, Задоволство. Разликата е во тоа што не може да се порачуваат истражувања (колониите ги имаат истражувањата од главната Империја, немаат касарни, последователно и регрутација на војска, нема миграција, не се вклучени во средната вредност на Задоволството во Империјата, ограничени градби достапни за изградба, само приход од данок, така што даночната стапка може да биде поставена на четирите вида ресурси, влијаејќи на Задоволството по истиот начин како кај припоените провинции.
- Најголемиот негативен модификатор на Задоволство во колониите е растојанието од Империјата - колку е поголемо растојанието, толку повисоки ќе бидат дневните загуби на задоволство.
- Најголемата предност на колонијата се терените со специјални бонуси кои доделуваат дополнителни бонуси на целата Империја.

За повеќе информација околу колониите, кликнете овде.

Колонијален данок

Данок во еден од четирите ресурси извлечен од вкупното население на колонијата.

Колонијален транспорт

Пренесување ресурси помеѓу главната Империја и колониите или помеѓу колониите. Се спроведува преку товарни колички и бидејќи е преместување по Глобалната Мапа, времето за патување зависи од растојанието, брзината на товарните колички и нивото Картографија, како и секое друго движење по Глобалната Мапа. Колонијалниот транспорт може да биде моментално завршен за 1 дијамант на час, освен ако Империјата е под напад.

Колонизатори

Селаните испратени од припоена провинција до место во колонија, кои ги носат потребните ресурси за основањето, ги градат првите градби во колонијата и се нејзиното прво население.

Колонизација

Основање на колонија на Глобалната мапа.

За повеќе информација околу процесот на колонизирање, кликнете овде.

Колонизирање

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за проширување на Империјата на Глобалната мапа. Секое нииво отвора пристап до основање на една колонија.

Командант

Позиција во сојузот што се грижи за воениот развој на обичните членови, помагајќи им со регрутацијата на војска и водењето битки, преку компетентни совети. Тие исто се одговорни за движењето на сојузните трупи. Специјален бонус – 10 Морал, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу правата и придобивките на командантот, кликнете овде.

Коментар

Кратка порака објавена на профилот на играчот. Навредливите коментари може да бидат пријавени и нивниот автор да биде замолчен.

Контрашпионажа

1. Пресретнување непријателски шпиони кои се обидуваат да се инфилтрираат во Вашата Империја или прогонување на веќе инфилтрираните. Колку повеќе шпиони имате и колку повисоко ниво на контрашпионажа имате истражено, толку поголема е шансата* Вашите противници да не станат љубопитни околу Вашата Империја и побрзо да го дознаете составот на непријателската војска.

*Напомена! Шансата за 100% за успешна контрашпионажа е гарантирана САМО ако Вашата контрашпионажа е за 5 нивоа повисока од нивото на Шпионажата на играчот од којшто сте шпионирани. Во сите други случаи во кои Вашето ниво на контрашпионажа е повисоко и Вашите шпиони се повеќе, имате релативно голема шанса да успеете во тоа да не им дозволите на непријателските шпиони да се инфилтрираат или да ги прогоните веќе инфилтрираните, но бидејќи шансата не може да е 100% освен ако нема 5 нивоа разлика помеѓу Вашите разузнавачки истражувања, сѐ уште постои шанса за неуспех

За повеќе информации околу тоа како дејствува контрашпионажата, кликнете овде.

2. Истражување кое ги развива разузнавачките способности на владетелот во одбрана. Ја зголемува шансата за пресретнување непријателски шпиони како и шансата порано да го дознае составот на напаѓачките непријателски трупи. Кога еден играч е шпиониран, еднократно добива +3 вештачки нивоа контрашпионажа.

Копјеносец

Пешадиска единица погодна за Опсади на Тврдина, но секогаш е подобро ако е придружена од мечувалци и/или тарани. Сите копјеносци, без оглед на класата и расата, се силни против коњаница (напад x2) и ранливи против мечувалци (напад /2), стрелци и коњаници стрелци, кои имаат зголемен напад x2 против копјеносци. Поделени се во три класи - лесни империјански, лесни номадски, тешки и елитни, елитните се достапни само за Империјаните.

За повеќе информација околу копјеносците, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Копјефрлач

- Класа Номадски лесен копјеносец.
- Специјални особини: далекострелен напад пред нападот од блиску, т.е. во првите две рунди се борат со бонусите и минусите на стрелците; тие се единствената копјеносна единица против која коњаничките единици немаат казна.
- Барања: Напад од блиску [1]

За повеќе информација околу копјефрлачите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Корисничко име

Името со кое е регистриран играчот и кое автоматски станува име на неговата Империја. Еднаш креирано, корисничкото име не може да биде променето. Регистрацијата на корисничко име во еден свет на Ера на Освојување го заштитува правото за употреба на истото корисничко име во сите светови и никој никогаш нема да може да го одземе.

Кредит

Кредит од Банката. Одредено количество злато коешто банката Ви го дава на заем и треба да го исплатите или во период од 168 часа во еднакви рати на секој час или предвремено. Не може да земете друг заем ако сѐ уште го исплаќате претходниот. Степенот на кредит зависи од производството на Империјата.

За повеќе информација околу кредитите, кликнете овде.

Кредитна рата

Количеството злато коешто Империјата автоматски го исплаќа на банката секој час.

Крило

Страничната зона на првата и втората линија во Битка на поле. Едналинија, поделена во зони, има две крила - лево и десно.

Круг на провинција

Просторното распоредување на Мапата на Империјата во неправилна кружна форма, на основа на растојанието од провинција бр.1. Поделен е на 4 зони: провинција брº1, прв круг, втор круг и трет круг. Секој круг нуди различни шаблони провинции (нивоа на градби, основно население и основна војска во гарнизон присутна за време на освојувањето) и неколку модификатори приложени на ефектот на фарми, ефикасност, Задоволство и производство, валидни за сите провинции коишто ги вклучува кругот.

За повеќе информација околу круговите на провинции, кликнете овде.

Куќи

Цивилни градби во кои живеат селани. Нивните нивоа го зголемуваат лимитот на население на провинцијата. Номадите имаат фиксни лимити на куќи - до 220 000 селани во провинција брº1 и сите колонии, 200 000 во провинции од прв круг, 240 000 во провинции од втор круг, 280 000 во провинции од трет круг и основен лимит на провинција + 100 000 во престолнината, па не можат да градат никакви куќи и соодветно го надминуваат фиксниот лимит. Лимитите на вториот и третиот круг може рачно да се намалат до 220 000, по желба на играчот.

Кули

Дозволуваат распоредување на балистите. Секоја кула има место за 4 балисти. Кога е уништена Тврдината, кулите и нивните балисти исто така се уништени. Без кули, балистите не работат, се додека не падне Тврдината и не започне битката со гарнизонот. Кулите автоматски се поправаат заедно со тврдината.

Купени дијаманти

Дијамантите кои сте ги купиле користејќи некој од методите за плаќање, изброени во подменито Земи Дијаманти во Премиум менито. Купените дијаманти може неограничено да се користат за сите платени екстри и функционалности, вклучувајќи и нивно донирање во сојузната ризница, испраќање дијаманти како подарок на друг играч за време на Сесија за подароци, како и за нивно пренесување во рамките на својот глобален профил.

^