Лесен копјеносец

- Класа Империјански лесен копјеносец.
- Барања: Напад од блиску [1].

За повеќе информација околу лесните копјеносци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Лесен мечувалец

- Класа Лесен мечувалец.
- Специјални особини: бонус напад против ѕидови на Тврдини x2 за Империјански лесни мечувалци и x3 за Номадски.
- Барања: Блиска борба [1].

За повеќе информација околу лесните мечувалци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Лесна единица

Најниската класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат лесните класи нивоа на Тврдини - 1,2,3.
Лесни единици во Ера на Освојување: лесни стрелци, лесни копјеносци, копјефрлачи, лесни мечувалци, лесна коњаница, коњаници стрелци и тарани.

Лесна коњаница

- Класа Лесна коњаница.
- Специјални особини: бонус јуриш x1.2; одличен за грабежи со оглед на големата брзина и високата вредност на сила на грабеж.
- Барања: Напад од блиску [1], Воени коњи [1].

За повеќе информација околу лесната коњаница, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Коњаница.

Лесни стрелци

- Класа Лесен стрелец.
- Барања: Напад од далечина [1].

За повеќе информација околу лесните стрелци, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарната за стрелци.

Лидер

1. Главен командант во Сојузот. Ги има сите права што постојат во еден Сојуз. Има специјален бонус +10 Морал, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.

За повеќе информација околу лидерските права и придобивки кликнете овде.

2. Заеднички израз за сите лидери во втор стадиум на лојалност.

Лидерско крило

Сојузна структурна единица која се состои од Лидерот и Првиот Офицер.
Членовите на лидерското крило имаат индивидуални специјални бонуси.

Лимит на население

Максималниот број население што една провинција може да го има, зависи од нивоата на Куќи кај Империјаните и на фиксниот лимит кај Номадите - 220 000 во провинција бр.1 и сите колонии, 200 000 во провинции од прв круг, 240 000 во провинција од втор круг, 280 000 во провинција од трет круг и основен лимит на провинција+ 100 000 во престолнината. Номадските лимити на население се зголемуваат за 10% со активирање Премиум.

за повеќе информација околу лимитот на население кликнете овде.

Линија

Распоредувањето на војската на бојното поле е поврзано во линии. Трупите во битка на поле се распоредени во четири линии. Трупите во Опсада на тврдина се распоредени во три линии.

Линк за покана на пријател

Линкот за покана на пријатели кои сакаат да играат заедно со Вас во истиот свет, се наоѓа во подмени Општо од мени Подесувања. Линкот не е достапен во Тактички свет, Бета свет, Воен Блиц и Мега блиц, како и во световите каде што веќе започнал натпреварот Господари на светот.

Листа на блокирани

Список со сите игнорирани корисници од играчот.

Логистичка база

Специјална градба, достапна само во колониите. Нејзиното ниво го одредува бројот на сојузнички војски на кои им е дозволено да се придружат кон колонијалните војски во засилување додека колонијата е под напад.

Лозинка

Клучот кон една Империја. Лозинката е исклучително приватна и не смее да се подели со никој друг, без разлика колку е доверлив и близок на сопственикот. Колку е посложена лозинката (најмалку 10 симболи, комбинација од мали и големи букви, броеви и специјални симболи), толку посигурен ќе биде Вашиот профил.

Локален ефект

Ефект применет само на една провинција.

Лотарија

Бесплатни подароци за најсреќните играчи. Еднаш дневно, за време на целиот Период за подароци, Империја Онлајн извлекува талони и среќниот добитник (еден за сите светови) добива бесплатно 4-годишно Премиум членство, вкусно спакувано и изпратено од Администратор. Имињата и световите на сите среќни добитници јавно се објавуваат во менито Подароци.

^